Природните убавини, културното наследство и богатата традиција на Македонија ќе бидат претставени на саемот за туризам „TOUR SALON“ кој од 23-ти до 25-ти октомври 2014 година ќе се одржува во Познан, Полска. Ова саемско претставување е дел промотивните активности за промоција на македонските туристички потенцијали на светскиот туристички пазар кој ги организира ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”.
Туристичкиот саем „TOUR SALON “ е место за обемна презентација на земји и региони како и за промоција на најновите туристички понуди и атракции. Исто така во рамки на саемот се одржуваат и бизнис состаноци и се воспоставуваат контакти и соработки меѓу туристичките претставници.
Според распоредот на настани, по претставувањето во Полска, македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам во „World Travel Market“ кој од 3-ти до 6-ти ноември ќе се одржува во Лондон, Велика Британија. По ова саемско претставуавање следува промоцијата на Саемот за туризам „Travel Turkey“, кој ќе се одржува од 4-ти до 7-ми декември во Измир, Турција. Ова саемско претставување ќе биде последното саемско претставување на Македонија, од предвидените за оваа година.
Инаку ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” годинава ги презентираше македонските туристички можности на саемите во Утрех, Виена, Истамбул, Брисел, Милано, Софија, Балеград, Берлин, Букурешт, Москава, Гетебург, Римини и Токио.
OhridNews













