Вчеравечер, во Куќата на Уранија беше отворена изложбата „ Портрети и ликови“, по повод 90 години од раѓањето на познатиот охридски уметник Вангел Наумовски и 50 години од неговата прва самостојна изложба во Охрид.

Пред присутните за делото на Наумовски говореше академик Цветан Грозданов кој истакна дека Наумовски уште пред 30 години се вброи меѓу водечките наивни уметници во поранешна Југославија.

Наумовски е роден во охридското село Скребатно, охридско во 1922 година. 

Првата негова работа е цртач во ателјето за резба во Охрид, додека неговата прва изложба е во Охрид во 1954 година. Има изложувано на над 30 самостојни и 100 групни изложби, а неговите дела се наоѓаат во многу музеи во Македонија и низ светот.

Вангел Наумовски почина на 13 јуни 2006 година во Охрид.

OhridNews