За половина денар се зголемува цената на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а за еден денар на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Според тоа, Еуросупер БС-95 во следните седум дена ќе се продава по цена од 68,5 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 70,5 денари за литар, а дизелот за 61,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 61 денар.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,348 денарри за килограм и сега тој ќе се продава по цена од 35,237 денари за литар.

Со оваа најнова одлука на Регулаторната комисија за енергетика се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,15 проценти во однос на минатонеделните цени.

Регулаторната комисија за енергетика секоја недела врши корекција на цената на нафтените деривати.

OhridNews