На свеченост што ќе се одржи во рамки на одбележувањето на патрониот празник на Охрид, Св. Климент Охридски – Чудотворец, утре, 8-ми Декември, ќе биде откриена пригодна информативна плоча посветена на Михајло Пупин на камбанаријата покрај црквата Св. Богородица Перивлепта, која е негов подарок, како и плоча под познатиот кочеџик во кругот на црквата, донација на невладиното здружение Лионс клуб „Лихнидос“ –  Охрид.

Пригодна мермерна плоча пред камбанаријата, ќе ја открие еден од потомците на фамилијата Пупин. 

Исто така покрај пригодна плоча кај стариот кочеџик, во непосредна близина ќе биде засаден млад кочеџик за симболично одбележување на 1.100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски, патрон на Охрид и духовен светилник. 

Во кругот на црквата ЛК Лихнидос ќе организира изложба на стари фотографии од комплексот на Перивлепта и од градот Охрид од периодот од 1920 до 1930 година.

Изложбата ќе се одржи во тремот на црквата. 

Свеченостите кај црквата Св. Богородица Перивлепта почнуваат во 11 часот.

OhridNews