Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2017 година, Општина Охрид објави јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2017.

Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување кој го води Градоначалникот на општина Охрид и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности.

Крајниот рок за прием на пријавите е 01.03.2017 година до 16 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени.

OhridNews