Иако е забрането со закон, палењето стрништа или трска и натаму продолжува. Денеска повторно гореше Дебело Поле кај Лакочереј, од каде се издигаше густ чад кон небото. Запалена е сува трева, трска и друга ниска вегетација.
пожар во Дебело поле
Екипи на противпожаната единица од Охрид го гаснат огнот кој, како што информираат пожарникарите, не претставува опасност по околните објекти.
И покрај апелите на надлежните да не се палат стрништа во природата, оваа лоша практика и натаму минуваат неказнето.
OhridNews
фото: Архива