– Иако се шпекулира дека на прославата на градскиот плоштад нема да настапат популарни музички ѕвезди сакам да најавм дека на забавата ќе настапат најдобрите од Македонија. Не би сакал да шпекулирам околу нивните имиња. До крајот на неделата ќе бидат потпишани договорите за настапот и тогаш ќе биде објавено кој ќе настапи. Забава ќе има за сечиј вкус, иако со помал буџет, но концепциски со подобра организација, вели директорот на ЈП Комуналец, Сашо Алчев, кој учествува во организацијата и подготовките на градот за дочекот на Новата година.
На 31- ви декември новогодишната прослава, традиционално, ќе почне со забава за најмладите. За прв пат годинава ќе биде организирана и тинјеџ забава на која ќе настапат реномирани изведувачи од Охрид.