Преговорите пропаднаа, нема договор, и нема да учествуваме на избори на 24 април, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по речиси девет часовната лидерска средба во Вилата во Пржино, објави „Телма“. Заев нагласи дека не се согласуваат да учествуваат на изборите заради непрочистен избирачки список и реформи во медиумите.

СДСМ, како што рече, продолжува да се залага за фер и демократски избори, додавајќи дека со повеќе детали ќе излезат во текот на утрешниот ден.

-Во резиденцијата на ЕУ дојдовме четири партии и три партии беа подготвени да постигнеме договор. Само еден човек инсистираше да се прифати одложување на изборите, изјави Никола Груевски, по лидерската средба во Пржино.

– Ни потроши 12 часа Зоран Заев за да моли, да инсистира да нема избори, место да разговара за методологијата на избирачките списоци. Тој не сака избори зошто ќе ги изгуби, сака одложување без сериозни аргументи. Законот за медиуми за кој бара измени, тоа го нема во ниту една држава. Овој човек само во криза е актуелен и верува дека само преку криза ќе дојде на власт, изјави Груевски.

Тој нагласи дека еврокомесарот Хан јасно им кажал дека претседателот на Државната изборна комисија го известил дека не постојат никакви пречки за одржување на изборите на 24 април, исто како и ОБСЕ, додавајќи дека само еден човек се обидува да ја продлабочи кризата.

И лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во кусата изјва, потврди дека освен опозицијата, останатите партии се сложиле на исполнување на се што предвидува договорот која барала поместување на терминот за избори.

-Треба да се постигне консензус и ќе се разговара во наредните денови. Напор за консензуално решение е во интерес на сите, а апртиите треба да ги стават општите интереси над партиските, рече Ахмети.

Прв од средбата си замина лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој одби да коментира што било зборувано зад затворени врати, посочувајќи дека клучната изјава ќе ја каже еврокомесарот Јоханес Хан.

Еврокомесарот Јоханес Хан е уверен дека може да се одржат избори на 24 април, доколку сите партии останат посветени на исполнувањето на договорот од Пржино од јуни-јули.

-Вечерва тројца од четворицата лидери беа сложни за датумот и гарантираа исполнување на обврските. Земјата е во многу тешка состојба. Она што го видовме во 2015 година продолжува и во 2016 година. Сметам дека владата, политичката елита и Парламентот треба да обрнат внимание на оваа многу сериозна ситуација од која е засегната и економијата на земјата и нејзината евроатланската перспектива. Денеска сфатив дека не е можно да се постигне договор помеѓу сите политчки партии за одржување на избори на 24 април. Постои демократска определба за одржување на избори бидејќи има посветена влада и силна опозиција. Европската унија силно ќе ги надгледува изборите преку свои претставници и од европски институции. Досега се е хипотетички дали ќе се исполни договореното, изјави Хан.

OhridNews
Извор:„Телма“