Поради изведување на градежни активности во врска со изградбата на регионалниот колектор за одведување на отпадни води за селата Мешеишта, Климештани, Требеништа, Волино и Горенци, од локалната самоуправа на општина Дебрца информираат дека во петок на 15-ти јануари 2016 година ќе има прекин во сообраќајот на патниот правец Требеништа – Волино.

Прекинот ќе биде од 08:00 – 12:00 часот.

OhridNews