Во Букурешт, се одржа премиерата на најновиот филм „Матасари“, на охриѓанецот Илија Пиперкоски. Публиката на крајот од проекцијата со овации и бурен аплауз го награди авторот.


Станува збор за краткометражен психолошки филм во кој главните улоги ги толкуваат Андреј Росу, Анка Флореску, Крина Семкјук, Алек Секареану, Андреј Рунчау, Ана Кристина Калин, Алин Попа, Космин Натантику, Адина Галупа, Александра Радеску и Драгош Думитру. Пиперкоски неодамна го заврши филмот кој беше сниман и монтиран во Романија.

Пиперкоски минатата година го привлече вниманието на публиката со промоцијата на филмот „Чистилиште на душата“, кој говори за празникот Богојавление – Водици во Охрид.


Илија Пиперкоски е на постдипломски студии  на Филмската академија „Јон Лука Караџијале“ во Букурешт.

OhridNews