Здружението “Пресреќно срце“ организира дводневна обука за идни млади перспективни претприемачи, како и за оние кои веќе започнале со реализација на својата бизнис идеја, но неопходно им е споделување на искуствата со експертите, за нивната иницијатива да прерасне во успех.
 
На младите, идни и веќе постоечки претприемачи низ интерактивна дискусија ќе им се презентираат основните вештини на претприемништвото, како и конкретни индивидуални упатства за нивна практична примена. Начините на регрутација на соодветен кадар, изработка на инвентивен бизнис план, согледување на ризиците во идниот бизнис и начините на нивна превенција, проценка на индивидуалните карактеристики и капацитети на постоечкиот и идниот претприемач за реализација на идејата.

Обуката ќе се одржи на 17-ти и 18-ти декември во просториите на Црвен Крст од Охрид, со почеток во 9 часот. Можност да се регистрираат ќе имаат највеќе 25 учесници, како оптимална бројка за ефективна работа, можност за лично вклучување на секој од учесниците и разработка на сопствена бизнис идеја.

Реализацијата на оваа обука е овозможена од страна на Општина Охрид, Сектор за Туризам и ЛЕР, според Г1 програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за 2011 година.

OhridNews