Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија да Ви упатам честитки по повод празникот Рамазан-бајрам, стои во честитката од претседателот Ѓорѓе Иванов упатена до Реис–ул–улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам.

– Рамазан-бајрам е еден од двата најзначајни исламски празника. Тој го означува крајот на едномесечниот пост и го слави духовното и телесното прочистување. Следните три дена, светиот месец ќе се слави во кругот на семејството и блиските. Овој месец е познат и како месец на добрина, милост, солидарност и простување; мисли и заложби на сите нас подеднакво, бидејќи воздржаноста од лошите мисли и духовното воздигнување се универзални човечки вредности. Во духот на Празникот, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир, а на сите припадници на исламската вероисповед во земјава им посакувам благосостојба, љубов и бериќет, с енаведува во честитката на претседателот Иванов.

OhridNews