Охридската публика, во сабота, 11-ти февруари, ќе има можност да ја проследи хит претставата „Детектор за лаги”.

„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст: +15

Билети се во продажба на билетарата на Центарот за култура по цена од 200 денари.

OhridNews