Поднесена е кривична пријава против 57-годишен стружанец и против градежно претпријатие од Охрид поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот како управител на претпријатието-изведувач на колективна станбена зграда лоцирана на катастарски општини Струга, на ул.„Партизанска“ постапил спротивно на основниот проект за кој било издадено одобрение за градба, при што противправно бил изграден дел од градбата за што од страна на градежна инспекција при општина Струга донесено било решение за отсранување на истата.
OhridNews