Претходно, вчера, при претрес на дом во Охрид беа пронајдени три лица за кои полицијата се сомнева дека го предизвикале инцидентот.
На двајца од приведените кои се товарат за предизвикување тешки дела против општата сигурност, истражен судија им изрече мерка притвор, а за преостанатите две лица во текот на денот полицијата ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираше портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.