Во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи во борбата против недозволената трговија со наркотични дроги, од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со СВР Скопје-Единица за недозволена трговија од слобода вчера се лишени скопјанец (32) и охриѓанец (30).

При преглед извршен над нив, полициски службеници кај секого од нив пронашле и одзеле амфетамини.

За настанот е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.