Пешачко – рекреативната патека која се протега од каналот Студенчишта до хотел Парк е во завршна фаза, информираат од локалната самоуправа.

Проектот за изградба на оваа патека започна пред околу две години и се одвиваше во три фази. Во изминатиов период се одвиваа градежните активности за изградба на патеката, а следат активностите за хортикултурно уредување на неколку делови од патеката.

Инаку, првата фаза од изградбата на патеката, се реализира со финансиски средства од проектот за меѓународна соработка ВАТЕРНЕТ, а финасиските средства за останатите фази беа обезбедени од буџетот на општина Охрид.

OhridNews