Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата  по вработен, во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи зголемување од 0.5%.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности, Градежништво  и Уметност, забава и рекреација .

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2014 изнесува 21. 217 денари.

Во август 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

OhridNews