Вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 178 125. Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.1
добиточни единици. Ова го покажало структурното истражување за земјоделските стопанства, што го изврши Државниот завод за статистика.
Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 320 738 хектари, а од вкупниот број на стопанства, 60.8% користат до 1 хектар земјоделско земјиште. Земјоделските стопанства имаат вкупно 381 361 добиточна единица.
Од техниките на ѓубрење, 37.9% од земјоделските стопанства користат нанесување на ѓубривото без заорување во почвата, додека од методите на наводнување, најчесто користен е методот на површинско наводнување.
OhridNews