-Посетата на првата дама која беше најавена од училиштето нема да се реализира, додека манифестацијата ќе се одржи во закажаниот термин, информираат од Локалната самоуправа, посочувајќи дека се работи за недоразбирање со организаторот на најавениот настан во охридското основно училиште, поради што јавноста беше неточно информирана.
Инаку, на презентацијата на резултатите од проектот за здрава храна што ќе се одржи утре во основното училиште „Братство и Единство“, ќе присуствуваат бројни гости. Своето присувство меѓу другите го потврдија претставници од министерството за образование како и голем број директори на воспитно образовни институции од Р.М., како и претставници од локалната самоуправа, на невладини организации и други.