Денеска во Струга свечено беше пуштена во употреба фабриката „Подгорка“, за производство, обработка, расекување и пакување на месо по најсовремени стандарди.

Фабриката доби највисока финансиска поддршка од Мерката 3 – Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата, односно 2,2 милиони евра.

Сопственикот на компанијата Мевмед Џемајлоски, информираше дека компанијата во моментов вработува околу 50 лица од струшкиот регион, а со проширување на капацитетите на фабриката, планирани во 2020 и 2021 ќе се отворат места за уште 100 нови вработувања, со што како што подвлече, ќе се оствари дополнително раздвижување на локалната економија, преку користење на домашни добавувачи во процесот на производството.

На свеченоста присуствуваше премиерот Зоран Заев, кој истакна дека ваквите инвестициски чекори на една домашна компанија, којашто успеа со квалитетен проект да добие средства од ИПАРД програмaта, се охрабрувачка и мотивирачка успешна приказна.

OhridNews
извор: влада.мк