Вкупно 4.452 охриѓани се евидентирани на листата на невработени во Агенцијата за вработување заклучно со месец јануари 2016 година.

Според степенот на образование во рамки на јануарската евиденција во Охрид, запишани се 774 лица со високо образование, а работа бараат и 48 магистри и двајца доктор на науки. Во евиденцијата на невработени охриѓани запишани се и 159 лица со виша школа и 1.323 лица со средна стручна спрема. Со непотполно средно образование работа немаат 970, а со основно образование 1.176 охриѓани.

Регистарот на Агенцијата за вработување покажува дека повеќе од половината невработени во Охридскиот регион се со навршени 40 години или 2.515 лица. На возраст од 30 до 40 години запишани се 918 невработени лица, а преку Центарот за вработување во Охрид вработување очекуваат и 1.019 лица, помлади од 30 години.

Според половата распределеност, во вкупната бројка на невработени охриѓани, доминират мажите со 2.410 невработени или 368 повеќе од жените, кои во евиденцијата на невработени партиципираат со 2.042 места.

OhridNews