
Можноста што сега ја дава Централниот регистар за поднесување на пријавите за впишување на регистрираниот залог по електронски пат се очекува да ја забрза постапката за упис. Целокупната докуметација потребна за уписот нотарите ќе ја достават во Заложниот регистар веќе скенирана и само во електронска форма. Веродостојноста на приложената документација во електронска форма ќе ја гарантира нотарот со својот електронски потпис.
Системот за е-залог е пандан на постојниот процес на регистрација во хартиена форма. Разликата се состои во можноста целокупниот процес да се спроведе преку интернет без потреба од физичко присуство, а само со примена на дигитални сертификати како средство за идентификација на подносителот.
OhridNews












