Делегација од романскито град Решица, денеска беа во официјална посета на општина Охрид.
Станува збор за прва официјална средба помеѓу делегации на двата града, што претставува почеток на воспоставување пријателски односно и можност за идна соработка во повеќе области, информираат од општина Охрид.
„Двете страни ги разгледаа и можноста што ги нудат Европските фондови околу реализација на заедничките проекти за период 2014-2020 година.“ – велат од општина Охрид.
Инаку гостите од Романија со убавините на Охрид прв пат се запознале преку тамошните електронски медиуми .
OhridNews