Во знак на благодарност за организирањето на донаторската акција поради катастрофалните поплави во Србија, деновиве, во Охрид престојуваа членови на Ротаракт клубот од Прокупље- Србија кои остварија низа средби со членовите на Ротаракт клуб Охрид.
Ротаракт Клубот од Прокупље изрази благодарност поради иницијативата за донаторска акција на Ротаракт Клубот од Охрид и навивачката група “Рибари” , а особено голема благодарност изразија до граѓаните на Охрид и неговата околина и до сите кои зедоа активно учевство и донираа со желба да им се помогне на настраданите во поплавените подрачја.
Во заедничката дружба на двата клуба и навивачката група “Рибари” се разменаа искуства за работата и функционирањето на клубовите и се разговараше за понатамошни идеи и планови за проекти и активности кои би ги зајакнале и така добриете односи на двете држави.
OhridNews