Сообраќајните незгоди најчесто се последица на  напочитување на сообраќајните правила и прописи, како и непочитувањето на поставената сообраќајна сигнализација.  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со потсетување до возачите за дел од сообраќајните правила и прописи кои многу често не се почитуваат од страна на возачите, а кои се особено важни за безбедноста во патниот сообраќај.

Од РСБСП со потсетување дека возачот е должен да го управува возилото на оддалеченост од другите возила што учествуваат во сообраќајот, која одговара на брзината на движењето на возилото и другите околности на сообраќајот. Дека возачот на возилото е должен при поместување на возилото на десно или на лево, промена на сообраќајната лента, престигнување, обиколување, запирање, свртување на десно или на лево, полукружно свртување,  пред повторно вклучување во сообраќај и слично, јасно и навремено да ги извести другите учесници во сообраќајот за  својата намера давајќи им знак со помош на покажувачите на правецот (трепкачите).

Возење наназад. Возачот кој има намера да се движи со возилото наназад, може да го изврши тоа дејствие само на краток дел од патот, доколку со тоа не го загрозува или не ги попречува другите учесници во сообраќајот.

Непрописно пристигнување на колона на возила. Возачот не смее со возило да започне престигнување или обиколување колона на возила.

Непрописно пристигнување. Возачот не смее со возило да започне престигнување или обиколување доколку возачот кој се движи зад него започнал престигнување или доколку возачот кој е пред него на истата сообраќајна лента дал знак дека има намера да го престигне или обиколи возилото што е пред неговото возило или да обиколи друга пречка на патот.

Престигнување пред пешачки премин. Возачот не смее да престигнува друго возило кое се приближува кон обележан пешачки премин, кое преминува пешачки преминиликоезастаналозарадипропуштањенапешацинатојпремин. Престигнувањето во близина на пешачки премин ја загрозува безбедноста на пешаците во сообраќајот.

Од советот со потсетување дека возачот кој се движи со возило по коловоз на кој има вода, должен е да го приспособи возењето со цел да не ги прска пешаците.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до возачите максимално да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не се впуштаат  во  нивно слободно толкување  и  „ дозволено прекршување“   затоа што безбедноста во сообраќајот бара дисциплина и максимална одговорност.

OhridNews