Од општинската СДСМ бараат од градоначалникот Никола Бакрачески и локалната власт веднаш да им одговорат на граѓаните на Охрид и Македонија – зошто е паднато нивото на водата на Охридското Езеро?
– Состојбата со Охридското Езеро е критична. Алармантно ниското ниво на водата во езерото е директна закана за растителниот и животинскиот свет во и околу езерото. А, Бакрачески и општината под негова надлежност ништо не преземаат. Дали тоа значи дека со знаење на Бакрачески и советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид се злоупотребува водата на езерото? Од кого и за што? Брзо ќе се дознае, велат од СДСМ.
Од СДСМ укажуваат дека Охридското Езеро е заштитено од УНЕСКО како светско природно наследство и сите штети по езерото се противзаконско дело и како што велат, секој кој сторил какво било уништување на природните богатства на Македонија, ќе одговара.
OhridNews