Ги предупредуваме локалната власт од ВМРО ДПМНЕ во Охрид и градоначалникот Никола Бакарачески веднаш да престанат со притисоци кон вработените во општата болница, училиштата, градинките, јавните претпријатија, во обид да ги изнесат луѓето на протести, вела тод општинската СДСМ.
– Ги охрабруваме вработените во јавните институции да не подлегнуваат на паничните реакции на криминалната власт во заминување, заинтересирана само за сопствената кожа и исплашена од правдата, стои во дописот од ОО на СДСМ.
Оттаму додаваат дека за сите евентуални закани и уцени врз вработените од страна на нивните претпоставени, ќе следува одговорност и дека законите мора да важат подеднакво за сите.
OhridNews