Пресудата на Основниот суд Скопје 2 по директива на Груевски е класичен доказ дека нема институции во Македонија и дека се е контролирано од еден центар, премиерот Никола Груевски, се вели во соопштението на опозициската СДСМ по по повод пресудата во судскиот спор што актуелниот премиер го покрена против претседателот на СДСМ Зоран Заев за клевета и навреда. 

„Потврда за тоа е одлуката на судот да ја испорача до евро, сумата од 50 илајди евра, што ја побара Никола Груевски. Судската фарса вчера го најави исходот од судењето, чијашто единствена цел беше амнестија на Груевски. Тоа го потврдува неприфаќањето на аудио снимката како доказ. Тоа го потврдудува неприфаќањето на клучниот сведок, Ден Дончев, од кого е добиена снимката и кој лично го води разговорот со Груевски околу продажбата на Македонска банка. Тоа го потврдува и фактот што Груевски вчера на конкретно прашање дали гласот на снимката е негов, не одрече, туку се повика на партиско соопштение. Денешната пресуда е уште еден срам за судството и за Република Македонија.“-се вели во соопштението. 

Од СДСМ информираат дека претседателот Зоран Заев ќе ги употреби сите правни механизми за вистината да излезе на виделина.

OhridNews