Ситуацијата во охридската болница,за што пред неполн месец алармираше СДСМ, станува се поалармантна,велат од општинската организација на партијата.

– Пациентите сеуште се соочуваат со крајно лоши и нехумани услови. Во повеќе одделенија во Општата болница во Охрид, како што се интерното, геријатриското, детското одделение, како и во гинеколошкото одделение сеуште нема греење. Во ек на ниски температури, пацинетите се смрзнуваат и се оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат. Граѓаните се револтирани и со право реагираат. Тие мора сами да си обезбедуваат греалки со цел да си обезбедат минимум соодветни услови за својот престој,велат од ОО на СДСМ.

Оттаму упатуваат прашање-Зошто нема греење во болницата во Охрид и ги повикуваат надлежните веднаш да им обезбедат основни услови за престој и лекување на пациентите во Општата болница.

OhridNews