Опшштинската организација на СДСМ Охрид упати јавен повик за избор на кандидат за градоначалник на општина Охрид.

„СДСМ Охрид ги повикува сите кои имаат амбиции да се кандидираат за градоначалник или советник во Општина Охрид, кои ги споделуваат, практикуваат и веруваат во вредностите и статутарните определби на СДСМ и кои ги исполнуваат условите и критериумите од отворениот повик, да ја поднесат својата кандидатура во дефинираниот рок во седиштето на охридската општинска организација на СДСМ.

Постапката во СДСМ е отворена, транспарентна и демократска.“  – стои во јавниот повик на Центарот за комуникации на ОО СДСМ Охрид.

OhridNews