По налог на комуналната инспекција, согласно програмата за вонредни активности на Ј.П. „Охридски Комуналец”, денес, се изврши чистење на дното на езерото со багер на потегот пред хотел „Милениум”. Се чистеа наносите од тиња, распадната алга и трска, при што беа подигнати, транспортирани и депонирани околу 30 метри кубни отпад.

Во текот на денот се чистеше и дел од коритото од реката во населба Рача, со цел да се овозможи слободен тек на водата која ќе надојде во наредниот период со топењето на снегот.

OhridNews