Годинава под закуп ќе се издаваат новите, неодамна набавени унифицирани десет тезги, изработени од полиестер, според ХАСАП стандарди. Доколку има интерес за закуп на поголем број тезги, тогаш тие ќе се надополнат со старите ки се користеа во текот на изминатите години, информираат од јавното претпријатие .
– Засега набавивме само десет тезги со цел да се утврди нивната функционалност. Доколку се утврди дека тезгите одговараат на нашите потреби и доколку закупците се задоволни од набавените тезги, идната година ќе се набават во поголем број, изјави директорката на ЈП Градски пазар, Живка Ангелоска.
Новогодишните тезги ќе се постават на вообичаената локација на плоштадот Крушевска република, кај Стариот чинар.