Премиерот Никола Груевски и претседателот на Собранието, Трајко Вељановски испратија честитки до Влашката заедница по повод Националниот ден на Власите. “Овој датум уште од далечната 1905 година од кога на Власите им биле доделени национални права во Отоманското Царство, е симбол на влашката етничка заедница и секогаш претставувал убава можност да ги одбележиме спецификите и вредности на вашата заедница во Република Македонија. Како најсилен бележник на легитимно изборените права и потврда на влашкиот идентитет, културата, традицијата и историја, овој ден претставува богатство за мултиетничкиот и мултикултурен карактер по кој е препознатлива Република Македонија“, се вели во честитката од премиерот.
Преседателот на Собранието во своето обраќање пишува “ Иднината на нашите сограѓани Власи ја гледам од една страна во натамошно јакнење и развивање на својот национален и културен идентитет, а во истовреме ја гледам и како што ја гледам иднината на сите нас и на Република Македонија, а тоа е во заедничкото остварување на нашата стратешка определба за полноправно членство во ЕУ и НАТО“.
Честитки во влашката заедница испратија и политичките партии.
Четворица кандидати ќе ја водат битката во Охрид на претстојните избори закажани за 19 октомври за градоначалничката функција Меѓу нив актуелниот градоначалникот Кирил Пецаков како кандидат на ВМРО...
Калливата вода од градежни активности од утринава истекува во Охридското Езеро во близина на бензиската станица Лук Оил Од ЈП Колекторски систем Скопје, Подружница Охрид велат дека се излезени на т...
Пет кандидати влегуваат во трка за градоначалник на Општина Дебрца, меѓу нив Љупчо Паункоски од СДСМ и Коалицијата, Златко Силјаноски од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата, актуелниот градоначалник Зоран Ног...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.