Се одложуваат енергетските пасоши за старите згради до влезот во ЕУ
26.02.15 08:00
Со новите измени на Законот за енергетика се предлага енергетска контрола и издавање на енергетски пасош да важи само за нови објекти од сите категории, а за постојните објекти да важи од влезот на Македонија во Европската Унија и тоа при продажба и давање под закуп.
Според написите во националните медиуми Владата ова го договорила на почетокот на месецов кога одлучила и да ја продолжи важноста на сертификатот за енергетска контрола за државните и за сите правни субјекти. Наместо на три години тие ќе се обновуваат на 10 години.
Овие измени на Законот за енергетика, Собранието треба да ги донесе по скратена постапка.
Инаку од почетокот на Новата 2015 година, согласно со претходните измени на Законот за енергетика, стартуваше обврската за поседување енергетски пасош, односно серитификат за енергетски карактеристики на зграда со кој се покажува дека градбата ги исполнува условите за енергетска ефикасност. Законот за градење, од 1 јануари 2015 година предвидуваше казни од 1.000 до 3.000 евра на физички и на правни лица кои нема да обезбедат сертификат за енергетски карактеристики на зградата.
OhridNews
Се менува законот за енергетика, енергетски пасош при продажба или издавање под закуп за старите објекти ќе биде кога Македонија ќе влезе во Европската унија. До тогаш сертификат за енергетски карактеристики на зграда ќе се применува само за новите објекти кои ќе се изградат од сите категории.
Тој документ за државните и за сите правни субјекти нема да се обновува на три години, како што е предвидено со сегашната регулатива, туку на 10 години. Овие предлог законски измени се предложени од Владата и треба да бидат доставени како ново законско решение до 27 февруари по што ќе влезе во собраниска процедура на гласање пред пратениците.
– See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/5978#sthash.SEdrfxCR.dpuf
Во петок, 14 ноември, во рамки на проектот на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“ за најмладите ќе биде изведена веселата, интерактивна и едукативна претстава „Чувари на улицат...
Македонија е меѓу ретките држави кои има двоцифрен раст на бројот на туристи За само една година, воведена е 21 директна авио дестинација од европските метрополи, а само лани преку Македонија транз...
Општина Охрид ќе ги донира средствата од хуманитарните паркинзи за нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој се бори со тешка хронична болест на бубрезите (стадиум 5) и оди на хемодијализа од 2016 год По...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.