Студот, мразот, големата влага и температурните разлики повторно предизвикуваат проблеми во стариот дел на Охрид. Овој пат попушти потпорниот ѕид на ул. „Григор Прличев“. Одрони од камења можат да се забележат покрај потпорниот ѕид, а жителите велат дека состојбата е ваква веќе една недела.

За проблемот жителите ја известиле локалната самоуправа. Бараат надлежните служби најитно да реагираат, бидејќи стравуваат дека потпорниот ѕид кој е накосен, може да се урне.

OhridNews