До пред триесетина години денешниот ден беше еден од најголемите празници во поранешна Југославија. На 25 мај се одбележиваше роденденот на маршалот Тито, или попознат како Ден на младоста.

На овој дел илјадници ученици – титови пионери од сите краишта на Југославија подготвуваа специјална програма и кореографии за дочек на штафетата на младоста која поминуваше низ сите населени места и градови, за на крај да биде однесена во Белград каде се случуваше централната прослава. Додека беше жив маршалот, штафетата му се предаваше нему, а традицијата продолжи и по неговата смрт.

За Тито се компонираа и песни, кои ги пееја најголемите музички ѕвезди во тоа време како Здравко Чолиќ, Оливер Драгојевиќ, Ѓорѓе Балашевиќ, Лепа Брена, Кемал Монено, Неда Украден, Вајта, „Ново Фосили“…Посебно овие песни беа популарни на 25-ти Мај кога со голем „слет“ во Белград се одбележуваше Денот на младоста.

„Денот младоста“ се уште го одбележуваат здруженија и поединци на просторите од поранешна Југославија, меѓу кои и здружението„Титоисти“ од Охрид.

OhridNews