По завршувањето на активностите за расчистување на шутот и трњата кај реката Грашница, деновиве се очекува да започне наредната фаза со која ќе се оплемени и уреди целокупниот простор, по што овој дел ќе добие еден сосема нов лик, најавуваат од локалната самоуправа.

Низ овај предел предвидено е  да поминува пешачката патека која се протега од Канео преку Лабино па се до Воска и Даљан.

Со уредувањето на овој простор, охриѓани и туристите ќе добијат уште едно место каде ќе можат да се рекреираат, релаксираат и да уживаат во убавата глетка на Охридското езеро, велат од локалната самоуправа.

OhridNews