По налог на Локалната самоуправа, денес, јавните претпријатија во координирана акција започнаа со отстранување на шутот и трњата околу реката Грашница. Предвидено е откако ќе завршат активностите за расчистување, да се продолжи со хортикултурно уредување на просторот.
На овој потег е предвидено да се изгради пешачката патека од Кошишта по северната страна на калето кон Лабино и Канео, а од Лабино ќе води кон Воска и Даљан и кон извидничкиот центар.
– Со уредувањето на овој простор и со пешачката патека, градот добива уште еден простор каде охриѓани и гостите ќе имаат можност за рекреација и уживање во прекрасните пејсажи на Охридското езеро и калето, потенцираат од локалната самоуправа.
OhridNews