Поради неповолната временска состојба која предизвика низа проблеми во системот за снабдувањето со електрична енергија во охридско, Седницата на советот на општина Охрид која требаше да се одржи денеска е презакажана за утре во 10 часот.

На оваа седница советниците ќе расправаат за Предлог одлуките за развојните програми и за Буџетот за 2015.

Исто така на дневен ред на седницата ќе се најдат и предлог одлуката за измена и дополнување на одлуката за начинот и поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници, како и програмите за работа на јавните претпријатија, и неколку точки од сферата на урбанизмот.

OhridNews