За позитивните страни од усвоените уставни измени што произлегуваат од Договорот од Преспа, денес, на заедничка прес конференција се обратија вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Според нив, земјата по децении уназадување конечно го отворила патот кон членството во НАТО и ЕУ.

Шекеринска истакна дека Македонија го обезбеди заслужено своето место на масата на сојузниците на НАТО.

– Сега сме на почетокот на нов пат и не чека успешна работа. Членството во НАТО е гаранција за стабилност, неменливост на границите и дава гаранции на сите сегашни и идни инвеститори, подбро платени и повеќе работни места. Оваа шанса како држава треба да ја искористиме, рече Шеќеринска, додавајќи дека владата ќе ја насочи сета своја енергија кон реформските процеси.

Вицепремиерот Османи, оцени дека е направен историски успех.  – Македонија сега е целосно ослободена и заштитена од геополитички игри од големите центри на моќ што се претставуваат закана врз безбедноста на целиот регион. Преговорите со кои Македонија станува држава членка на ЕУ ќе значат европски стандарди во администрацијата, европски стандарди во владеењето на правото, стандарди во образованието, здравството, уметноста, културата, додаде Османи. Тој им порача и на Косово и Србија да ги отворат политичките видици и да направат компромиси, а пораката како што рече, треба да стигне и до нашите политички елити – надворешното помирување нема да биде целосно без да се обезбеди внатрешно помирување.

Шефот на дипломатијата Димитров, потенцира дека со ваквиот чекор-решавање на деценискиот проблем со Грција,  се обезбедува заштитен идентитет и заштита на она што и е најважно на земјата.

– Нас денес не има со нашиот идентитет, заштитувајќи го она што ни е најважно и разграничувајќи ја нашата Македонија со останатиот географски регион што го има во други држави. Тоа значи го отвораме патот напред за иднината, имавме храброст да се соочиме со реалноста, да ја заокружиме државноста, да ј напраавиме постабилна иднината поизвесна и да создадеме услови идните генерации да имаат подобар живот, рече Димитров.

Деновиве, согласно процедурите, ќе биде испратено писмо до генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Димитров изрази очекување и Грција да ги заврши своите обврски.