Најразновидни производи за домаќинство, предмети за во вашата кујна, градина, дневна соба, постелнини, детски играчки и уште многу други производи сега можете да ги најдете на едно место, во новоотворениот АТВА Home center.

Продажниот салон кој се протега на 600 метри квдратни, нуди широк асортиман на домашни и странски производи по најповолни цени во градот. Покрај големата и разновидна понуда, Home center нуди и беспрекорна и квалитетна услуга за своите ценети потрошувачи.

Од продавницата велат дека нема да изостанат пријатните изненадувања-најавуваат бројни интересни акции, намалувања на цени и попусти.

Новоотворената продавница во Охрид која се наоѓа на улицата „Дејан Војвода“, зад објектот на Охридска банка, е деветтиот продажен салон на фирмата АТВА од Кичево, која постои на пазарот 23 години.

OhridNews