По повод протестите на членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ пред СВР Охрид каде истражители на Специјалното јавно обвинителство вршат разговори со сведоци во врска со финансирањето на партијата и лични донации за истата, СЈО се огласи со соопштение, во кое се посочува дека е повредена тајноста на предистражна постапка.

„Во врска со предистражна постапка која се води во ова Јавно обвинителство, во СВР Охрид се повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат искази за околностите во врска со истата постапка. Согласно Кривичниот законик секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка.

Ова јавно обвинителство се оградува од секакви политички шпекулации и потенцираме дека својата службена должност јавните обвинители во ова Јавно обвинителство ја вршат согласно законот во насока на утврдување на вистината во постапките кои се водат.“ – се вели во соопштението на СЈО.

OhridNews