Специјалното јавно обвинителство ги истражува случувањата околу локалните избори во Охрид во 2013 година.

Kако што дознава OhridNews, деновиве на распит во СЈО биле лица инволвирани во изборниот процес, меѓу кои и поранешни локални функционери, кои ни ја потврдија информацијата.

Наводно повод за преземање на предистражни мерки биле објавените прислушкувани разговори од страна на опозицијата.

Официјално засега не се објавуваат детали од истрагата на СЈО.

OhridNews