Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно без забрани и застои, по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка, Стража, Маврово, Павлешенци, Смојмирово, Ѓавато, Буково и Крушево.

Намалена видливост поради појава на магла од 30 – 50 метри има на патниот правец Градско – Неготино – Демир Капија и од 50 – 100 метри на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар-крак Маврово, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Од 15 Ноември 2015 година започна законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата. Оваа обврска трае до 15 Март 2016 година.

OhridNews