За остварување на правото на слободно организирање, како и полесен пристап до информациите кои се од интерес на младите, во Законот за младинско учество и младински политики е предвидено воспоставување службеник за млади во сите органи на државната управа и општините, напиша премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук.

Ова, како што појаснува, значи дека во секоја државна и локална институција, младите ќе ги пречекува „службеник за млади“ кој ќе ги одговара прашањата од доменот на неговата институција, како на пример самовработувањето, програмите во министерствата и сѐ што ги интересира.

Службениците за млади изготвуваат годишни извештаи за работата на институциите во делокругот на млади кои ги поднесуваат до Агенцијата за млади и спорт и ги објавуваат на веб-страниците на органите на државната управа, општините, општините во градот Скопје и Град Скопје, наведува Заев во објавата.

OhridNews