Својот 71- ви роденден, општинската организација на Црвен крст денес, го одбележа со отварање на изложба на фотографии кои го прикажуваат историјатот, формирањето, растежот и развојот на Црвен крст македонија и Црвен крст Охрид.

Сакавме најнапред на најмладите од детските градинки кои не посетија меѓу првите да им покажеме што значи Црвениот крст, како работи, како се развивал и како тие можат да бидат дел од оваа организација. Сакаме и да им изразиме признание на нашите волонтери кои сеуште творат и волонтираат и сите оние кои ќе се препознаат на фотографиите и ќе се потсетат на она што го граделе во оваа организација за денес заеднички да го уживаме и секако реализирајќи бројни активности да бидеме многу понапред, вели претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.

На 17 март 1945 година е формиран Црвениот крст на Македонија, а веднаш потоа, меѓу првите околиски- општински организации, на 26 март 1945 година  е формирана организацијата на Црвен крст Охрид. Во изминатите 71 година илјадници имени и безимени хуманисти, волонтери, членови и активисти, вработени во Црвен крст Охрид, поддржувачи, помагачи, донатори, секој на свој начин, оставале и секојдневно оставаат неизбришлива трага, печат, белег во делувањето, развојот и растежот на нашата организација.

Денес отворената изложба ќе трае до 27 март.

OhridNews