Со низа активности основното училиште „Григор Прличев“ ќе го одбележи Патрониот празник. Одбележувањето почнува утре, 3-ти февруари, со свечена приредба во подрачното училиште во населбата Рача.
Во понеделник, 6-ти февруари, во 10.30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на бистата на Григор Прличев, а во 11 часот ќе започне Прличевата визита што ќе се одржи во просториите на основното училиште.
Во 18.30 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура, обраќање ќе има директорот на училиштето, по што ќе следи потпишување на меморандум за соработка со „Гете- Институт“. Присутните ќе може да ја видат ликовната изложба, а ќе бидат доделени и наградените творби.
Во 19 часот ќе сеодржи свечена приредба.