Во петок,  Самостојниот синдикат за образование, наука и култура најави протест пред Министерството за образование и наука.

Доколку до крајот на август не бидат исполнети барањата за според СОНК, надминување на проблемите во образованието, науката и културата, не е исклучено организирање генерален штрајк на почетокот на учебната година.

Во причините за протестот  СОНК наведува дека е загрижен за многу состојби во образованието, науката и културата, како и дека во тие ресори има политизација, а надлежните институции свесно или не, не преземаат мерки за надминување на состојбите.

Исто така, меѓу барањата на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура се повисоки плати во предучилишното, основното и средното образование,  не се согласува со моделот на екстерното тестирање, како и начинот на исплата на платите во високото образование и култура, во кои области бара склучување колективен договор.

OhridNews