АСП-ПАК е македонска фирма која повеќе од 20 години се занимава со производство на пакувања и мрежи.
Континуираните инвестиции во надградба на технологијата и континуирана работа на изградба на високо квалитетен кадар ни овозможи да бидеме еден од најголемите производители на пакувања и мрежи во Европа.
Со цел континуирана надградба и усовршување на својот кадар, АСП-ПАК ДООЕЛ ОХРИД објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
НА ОПЕРАТОРИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
Работни задачи и одговорности:
- Работи на производни линии за производство на вреќи и мрежи
- Ракува со машини согласно работната позиција и упатството заработа
- Врши селекција на производите, сортирање, транспорт и пакување
- Врши други работи согласно упатствата на работодавачот
Потребни квалификации
- завршено средно образование
- работно искуство во областа се смета за предност
Дополнителни квалификации:
- способност за следење на инструкции и упатства
- прецизност и точност во извршување на работните задачи
Распоред на работно време: работа во три смени, распоредени во турнус (два дена прва смена, два дена втора смена, два дена трета смена и два дена слободни)
Огласот ќе трае до: 15.07.2022
Доколку сте заинтересирани да учествувате во нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашата кратка биографија „CV” и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [email protected] со назнака „Oператор во производство“.
По завршување на огласот, ќе се изврши селекција на кандидатите и кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.